Генерациски спој во летната кампања на Кејт Спејд

4 февруари 2015

Мултигенерацискиот тренд во новите кампањи на модните брендови, го продолжува и модната куќа Кејт Спејд која во својот нов проект ја ангажираше 93-годишната миленичка на оваа креативна индустрија, Ајрис Апфел.

Во пролетно-летната кампања на познатата етикета, Ајрис е во друштво на 22-годишната манекенка Карли Клос, со што е создаден симпатичен генерациски спој на две жени во различна доба од својот живот, но со заеднички стилски  приказни.

Во идиличен летен амбиент, Кејт Спејд направи одличен едиторијал во кој доминираат светлите и весели бои, разиграните принтови и пругите кои повторно се најавуваат како доминантен летен тренд.

Секако, Ајрис Апфел е накитена со многу модни додатоци вклучително и округлите очила со големи рамки, што е еден од нејзините пепознатливи стилски карактеристики.

 

 

 

 

Објавено:
4 февруари 2015
Категорија: 
Актуел