Тренд: Плетени чанти што наликуваат на кошници

25 март 2017

Плетените чанти што своевремено ги обожуваше модната муза и актерка, Џејн Биркин, оваа сезона ги уживаат повторно своите „5 минути".

Мајкл Корс, Фенди, Баленсијага се само дел од брендовите што во својата понуда за годинава ги имплементираа овие чанти налик на кошници, изработени од плетена слама.

Доработени се со интересни детали како метални механизми за отворање и закопчување, крзно, реси, принтови, во различни форми и големини.

Издвојуваме дел од огромниот избор...

Објавено:
25 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
678 пати