Омилената руска дизајнерка Улијана Сергеенко повторно ги радува сите девојки и им дарува прекрасни новогодишни торбички кои се послатки од кога и да е.
На прв поглед нема да препознаете дали станува збор за новогодишен украс или нешто сосема друго, а всушност станува збор за елегантни и неверојатно стилски чанти како модни додатоци.
Овие свечени чантички се изработени од плексиглас во неодоливи пастелни бои, но и во црна, црвена и зелена нијанса како омилени за празниците.
Истите се дел од нејзината свечена, лимитирана колекција која дизајнерката ја претстави неодамна на сите нејзини обожавателки.
Секоја од чантичките е украсена со мало златно коњче како украс, а има и златно синџирче што ја прави уште повеќе посакувана.
Овие модни додатоци одлично се комбинираат со секој свечен фустан што ќе го одберете за новогодишната ноќ, но и со секоја друга елегантна комбинација во која уживате.