Уметнички додатоци во објективот на Американски Вог

14 мај 2014

По повод саемот на современа уметност на Frieze Art Fair во Њујорк, уредничкиот тим на Вог ја замоли модната блогерка Кејт Брајан да позира во женски чорапи, инспирирани од најпознатите уметнички дела на денешницата.

Кејт  позната по тоа што на својот блог View from the Topp“ исклучиво ги слика само своите чевли, застана пред објективот на Дејвид Китз и позираше во чорапите на кои имаше мотиви од делата на Винсент ван Гог, Леонардо да Винчи, а интересен е и автопортретот на Фрида Кало. Познатата блогерка за овој едиторијал ги додала и своите чевли, па затоа фотографиите се во инспиративен еклектичен фазон.

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци