Реставрација на домот на Винсент ван Гог во Лондон

13 мај 2014

На улицата Hackford Road 87, сината плоча означува дека таму некогаш живеел  Винсент ван Гог за време на својот претстој во Лондон. Иако таму претстојувал само година дена од 1873 – 1874 година додека работел како трговец на уметнички дела, денес домот претставува уметничка инсталација, инспирирана од минатото.

Исто така, во куќата постојано се слушаат звуци од водата бидејќи самата куќа е изградена врз поток. Инсталацијата е наречена „Yes, These Eyes are the Windows" и е всушност реконструкција на домот на еден од најпознати уметници, чии дела имаат големо влијание врз уметноста во 20 век.

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Култура