Ова е најскапата маска за мобилен телефон во светот
•
3 април 2014
Доколку ги пратите новитетите во однос на опремата за мобилни телефони, тогаш сигурно ќе ве заинтересира оваа вест. Италијанската златара Boccellati ја претстави најскапата маска за Ајфон 5С и Ајпад Мини изработена од злато и украсена со дијаманти.
Инспирацијата за новата маска потекнува од легендарното дело „Сончогледи“ од Винсент Ван Гог, а цената по која сите заинтересирани ќе може да ги набават е 200. 000 долари за маска за Ајфон и 408. 000 долари за Ајпод.
Ретко кој ќе може да си дозволи вакви екстравагантни модели на маски, но сепак ова е само еден пример дека секојдневно се поместуваат границите во однос на луксузните добра.