Forbes и Men’s Health во дигитално издание

17 јуни 2014

Forbes Life magazine веќе 25 години егзистира како публикација, а сега ќе лансира веб издание кое од втори септември ќе биде достапно за сите мобилни и ајпад телефони. Според уредникот на магазинот, Мајкл Соломон причината за овој новитет е всушност на еден начин одбележување на 25 годишнината од постоењето, но и потребата од рекламирање на луксузните брендови онлајн.

„Фокусот ќе биде насочен кон женската мода, накитот и убавината. Сега за сега се планираат девет категории“ – изјавил Мајкл. Уредникот додал дека планираат да ангажираат од 100 до 150 соработници од различни делови од светот, кои ќе го полнат порталот со содржини на дневна основа.

Иако септемвриското издание ќе се фокусира на едиторијали, сепак издавачот на магазинот Чарли Јардли најавува рекламни кампањи и онлајн шоп. И покрај новитетите, продажбата на Forbes е во тек.

Men’s Health лансираше апликација за текот на Мундијалот кој што моментално е достапна на ајпад и ајфон. Апликацијата покрај тоа што нуди спортски новости, има и онлајн шоп. Ваквиот чекор следеше откако тие лансираа апликација во декември која докажа дека фирмите и брендовите се заинтересирани токму за ваков начин на продажба.

Потпретседателот на магазинот и издавач Ронан Гардиер изјави:

-Секој месец правиме нова анализа која покажува дека бројките постојано растат. Таа бројка не се однесува само на купувачите, туку и на посетителите на страната“. За претстојното СП,  модниот директор Брајан Бој  одбра неколку брендови чии лимитирани едиции се дел од апликацијата која дозволува купувачите да задржат одреден продукт се додека не ја добијат прифатливата цена.

Гардиер додал дека е неопходно да се искористат предностите на технологијата. Според него на почетокот било навистина тешко да се им се објасни на купувачите дека треба да вметнат одреден код. Денес функционалноста е на многу повисоко ниво.

Објавено:
17 јуни 2014
Категорија: 
Актуел