Доколку сѐ уште сте во потрага по совршената летна чанта, тогаш ова е вистинскиот текст за вас! Чантите во форма на лубеница се сѐ што една девојка може да си посака оваа сезона. Тие се толку слатки што ви доаѓа да си каснете!
Ги има во сите форми и големини, а нам дефинитивно најмногу ни се допаѓаат клач чантичките во вид на парче лубеница.
Ако сѐ уште не заминавте на годишен одмор, во галеријата ќе најдете и такви големи во кои ќе ги соберете сите потребни работи за на плажа.
Истите дефинитивно се лесни за комбинирање со оглед на тоа што најдобро соодветствуваат со еднобојни, едноставни фустанчиња, но доколку себеси се сметате за кралица на принтовите, ние дефинитивно веруваме дека истата ќе ја вметнете и во одлична колоритна комбинација.
Бидејќи знаеме дека ви се допаднаа, ви предлагаме и високи потпетици со лубеница принт само за оние најхрабрите.
Во продолжение, погледнете ја нашата галерија на чанти – лубеница и не нѐ обвинувајте доколку ви се пријаде парче!