За прв пат на пазарот е претставен часовник којшто е истовремено и парфем.

Станува збор за иновативна креација дело на луксузниот бренд за часовници Vacheron Constantin, дизајнерката Јикинг Јин и експертот за парфеми Доминик Ропион.

Égérie — The Pleats of Time, неодамна беше претставен на саемот Watches and Wonders во Женева како концепт креација чија што цел е да ја покаже креативноста и иновативноста на луѓето зад неа.

Ременот на часовникот е исплетен со свилени нишки, а се гледаат и заоблени облици коишто според дизајнерот, прават контраст со неправилните геометриски форми на самиот бројчаник. Неговиот дезен е нешто помеѓу змиска кожа и чипка.

Рамката е обложена со дијаманти, а плисираниот дел од часовникот-парфем го покажува дури и движењето на Месечината.

Но, она што најмногу воодушевува се вградените микрокапсули кои испуштаат мирис при мрдањето на зглобот на корисникот.

Часовникот го нема во продажба, но доколку се најде на полиците цената би била вртоглаво висока.

Објавено:
24 април 2024
Категорија: 
Модни додатоци