Жените од племето Сан го прават најубавиот накит од мониста

29 март 2014

Жените од племето Сан чии жители се распространети низ Намибија и Боцвана се сосема поинакви од сите други.

Иако со самото тоа што се дел од племе, веќе знаеме дека имаат тежок живот, но истовремено тие се толку борбени и инспиративни што дефинитивно треба да бидат пример за сите.

Покрај тоа што секојдневно се соочуваат со безброј потешкотии, обидувајќи се да преживеат што е можно подолго, жените од племето Сан прават и извонреден накит.

Велат, воопшто не им е проблем да ловат, да собираат растенија, корени и инсекти, бидејќи знаат дека тоа им е единствениот начин за преживување.

Позитивната страна во нивното племе е тоа што таму сите се третирани подеднакво и воопшто нема никакви поделеби, туку сите заедно како тим, се трудат да преживеат.

Во слободните мигови што ги имаат, овие креативни и исклучително силни жени прават прекрасен накит од разнобојни мониста што пак ги изработуваат од лушпата од јајцето на нојот и потоа ги бојат.

За да остварат екстра приход, жените од племето Сан, овие неверојати творештва им ги продаваат на туристите низ Калахари пустината.

Неверојатниот фотограф Ерик Лафорг имал вистинска чест да се сретне со жителите на племето и да направи тотално инспиративни фотографии.

Во продолжение погледнете како изгледа еден сосема обичен ден на племето Сан и каков накит умеат да направат тамошните жени.

Објавено:
29 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци