Ако сте од оние што носат темни бои во есен, одличен начин да внесете малку свежина и интензитет во вашиот стајлинг се жолтите чанти. На улиците на светските метрополи се вистински хит, а дека модните трендсетерки веќе имаат по неколку такви, нема потреба да потенцираме.

Жолтата чанта може да изгледа и мошне софистицирано, ако се комбинира со лаковна кожа и детали во боја на фуксија или магента.

А, ако се двоумите околу стилот, најактуелни се  плик-чантите, како и оние вреќастите со рачки во стилот на 1940-тите.

За тоа дека жолтата боја е навистина инспиративна, говорат и есенските колекции на Прада и Диор.

Во продолжение погледнете дел од нашите предлози за тоа како со чанта есента да ја обоите во жолто.

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци