Последниов месец се чини како летото да подрани, па низ улиците секојдневно можеме да видиме стилски летни комбинации во кои ќе имаме можност да уживаме уште цели три месеци.

Како и секоја топла сезона, така и оваа, постои некоја боја која девојките едноставно ја обожаваат и која ќе биде вистински хит.

Ова топло лето омилена на сите се чини е жолтата боја во која познатите дизајнери создадоа толку многу шик парчиња.

Како и познатите дизајнери, така и high street брендовите нудат голем избор на фустани, панталони, кошули, маички и модни додатоци во оваа толку неодолива боја која едноставно зрачи.

Покрај класичните парчиња, ова лето ќе носиме шик панталони со висок струк и колан во жолта боја, лежерни фустани со карнери, жолти еспадрили, сандали со ремчиња во бојата на сенфот, плетени жолти чанти и што уште не.

Жолтите парчиња станаа вистински хит кај девојките бидејќи на многу суптилен и неверојатно свеж начин ја украсуваат секоја комбинација и прават да биде единствена.

Кога сакате да се издвоите од толпата и да бидете впечатлива, тогаш задолжително одберете жолто парче кое мора да го набавите уште денес.

Во галеријата погоре инспирирајте се за шопинг!

Извор и фото: Journal.hr

Објавено:
10 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.409 пати