Иако сè уште зимата е во полн ек, време е да почнеме полека да се подготвуваме за најубавото годишно време и да подготвиме кул парчиња во кои ќе блеснеме.

Во речиси секоја колекција на познатите брендови, дизајнерите сместија по некое жолто парче во кое знаеме дека ќе се вљубите на прв поглед.

Од палетата весели бои што дизајнерските колекции ги нудат за следната сезона, жолтите парчиња дефинитивно се највпечатливи и едни од омилените на девојките.

Ткму парчињата во оваа боја се нешто што можеме да го видиме на излозите и на нашите продавници, што значи дека овој тренд и тука многу скоро ќе биде вистински хит.

Она што е прекрасно е тоа што има бројни нијанси од жолтата боја, па така можете да го одберете вашиот фаворит и да бидете стилска дама претстојната сезона.

Познатите трендсетерки веќе почнаа да носат парчиња во жолти нијанси, а костимите се едни од најпосакуваните и најпопуларни.

Девојките ги комбинираат палтата со куси тексас здолништа, панталоните со свилени кошулки во секакви бои, комбинезоните со многу детали, а фустаните се секогаш приказна за себе.

Во оваа боја сезонава доаѓаат и многу детали и модни додатоци, па така ако сметате дека оваа нијанса е премногу за вас, тогаш набавете си некоја чанта или чевли во неодолива жолта.

Инфо и фото: Journal.hr

Објавено:
14 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.900 пати