Иако розовата боја, особено онаа нежната, ја одбележа есента што е зад нас, се чини дека и оваа зима таа повторно е вистински хит.

Покрај тоа што е исклучително привлечна, таа е и супер за комбинирање и за освежување на сите зимски стајлинзи кои сега веќе не мораат да бидат исклучиво во темни бои.

Модните дизајнери и познатите high street брендови за оваа зима создадоа супер парчиња во розова нијанса, а целосна колекција креираше и тимот на омилените H&M.

Во истата доминираат голем број на парчиња токму во нежна розова боја, а меѓу нив ќе најдете не само фустанчиња, туку и стилски блузони, здолништа, маички, чевли и разни модни додатоци.

Она што е особено интересно се и тренерките во оваа нијанса во кои знаеме дека девојките ќе се вљубат од прва, а тука е и розовото плисирано здолниште кое сѐ уште е вистински хит, потоа розовите мокасини, спортските капи и што уште не.

Судејќи според оваа колекција, дел од парчињата веќе ќе ја разиграат и постоечката зима, но има и такви во кои ќе уживате во прекрасната пролет која сите едвај ја чекаат.

Погледнете ја целата колекција во галеријата погоре и одберете го вашето омилено парче.

Објавено:
17 јануари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.667 пати
Извор: 
journal