Боја со "вкус" на крем банана

21 август 2023

Некаде помеѓу нежната ванила и моќната жолта како лимон, се наоѓа бојата крем банана, којашто е еден вид на млечно жолта нијанса.

Одредени брендови како Ботега Венета и Живанши веќе ја вклопија оваа боја во дел од колекциите, како на пример во џемпери, но и во свечени тоалети.

Оваа слатка нијанса, која вистински потсетува на познатиот десерт, прилега на разни парчиња.  Освен веќе споменатите, можеме да ја видиме на пантолни, блејзери, топови, кошули...

Најчесто се комбинира со црна или бела боја, а одлично изгледа и со нежно розова боја.

Фото: Pinterest 

Објавено:
21 август 2023
Категорија: 
Тренд