Данијела Мартиновиќ како холивудска ѕвезда во креација на Зак Посен

29 март 2023

Познатата сплитска пејачка Данијела Мартиновиќ многу често воодушувува со својот стајлинг. Секогаш позитивна и насмеана, таа дава енергија на секое парче што го носи.

На отворањето на новата сезона од хрватското шоу Zvijezde pjevaju, балканската ѕвезда донесе гламур на сцената во креација на познатиот американски дизајнер Зак Посен.

Данијела, која еден од тројцата членови на жирито, носеше прекрасен фустан во кралско сина и тиркизна нијанса, надополнет со виолетови потпетици и сини обетки.

Популарната пејачка честопати ја гледаме во ладни тонови кои што одлично прилегаат на нејзинииот тен и боја на коса.

Софистицираниот фустан е од новата пролет/лето колекција на Посен.

Фото: Instagram

Објавено:
29 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.677 пати