Адекватен одговор за сите хејтери

15 ноември 2014

Не е новитет дека социјалните мрежи се полни со модели кои гордо ги постираат своите фотографии, благодарение на кои успеваат на одреден начин да се прослават во светки рамки. Но сепак, би било апсурно доколку очекуваме постојано на сите да им се допаѓаме или да очекуваме сите да имаат високо мислење за нас. Во конкретниот случај, еден од најпознатите португалски модели, кој има работено на кампањи за Викторија Сикрет и Калцедонија, беше на удар на критики за преслабиот изглед.

Сари Сампаио која има 23 години, реши да не остане должна на критичарите и по тој повод, одговори на обвинувањата за нејзиниот физички изглед – „Горда сум на сопственото тело и нема да дозволам никој да ме навредува само затоа што сум слаба.  Можеби многумина од вас не знаат дека имам брз метаболизам и дека јадам многу хамбургери, но сепак изгледам слабо и веројатно таква и ќе останам“.

Покрај објаснувањето, моделот искажува згрозување за негативните критики што биле упатени на нејзините пријателки, кои исто така изгледаат слабо и за крај посакала луѓето да престанат да шират негативизам со своите коментари – „Бидете среќни и задоволни со своето тело и престанете да ги криткувате другите, без разлика дали се слаби, дебели, со големи или мали гради, ниски или високи“.

Нејзиниот одговор доби  над 40.000 лајкови.

Преземено од Cromoda.com
Објавено:
15 ноември 2014
Категорија: 
Сцена