Толку од крупните модели: Манекенка изгледа неверојатно слабо на ревијата на Мајкл Корс

13 септември 2013

И покрај сите обиди на њујоршката модна сцена да ја смени сликата за полничките модели и да им даде место на ревиите, данскиот модел Бет Франки, 23, изгледаше неверојатно слабо на последната ревија на Мајкл Корс.

И покрај совршените парчиња облека што дизајнерот ги презентираше, сите очи беа вперени кон манекенката Бет Франки која изгледаше дури болно слабо.

Враќањето на екстремно слабите модели доаѓа и покрај обидите на њујоршката модна сцена да ја промени таквата слика, велејќи и добредојде на дизајнерката Еден Милер, која својата колекција му ја презентираше на светот ангажирајќи крупни модели.

Лондонската модна недела, чиј старт е токму денеска, нема воопшто да биде поштедена од критики кога стаува збор за оваа тема.

Минатата недела, Александра Шулман, уредник на британскиот Вог, презентираше видео во кое ги објави тајните за тоа како моделите се подготвуваат за да изгледаат совршено.

Објавено:
13 септември 2013
Категорија: 
Актуел