Адел како божица: Без конкуренција на црвениот килим на Британските музички награди

9 февруари 2022

Вчера во лондонската „О2" арена се одржаа традиционалните Британски музички награди, а Адел беше големиот победник.

Ги освои трите најзначајни награди: за артист, албум и песна на годината – за „Easy on me".

Беше доминантна и на црвениот килим и слободно може да кажеме без конкуренција.

Во елегантна кадифена тоалета на Armani Prive, со смело деколте стилизирано со тул со точки, таа го донесе стариот холивудски гламур на црвениот килим. Внимание привлече и огромниот дијамантски прстен, што ги поттикна гласините дека можеби се верила.

Комплетната листа на победници погледнете ја на овој линк.

Во продолжение следува фото галерија од црвениот килим.

Фото: Daily mail, Harper's Bazaar

Објавено:
9 февруари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.889 пати