Адриана Лима за прв пат на модна писта по породувањето

16 јануари 2023

Познатиот супермодел Адриана Лима за прв пат се појави на модна писта по породувањето.

Четирисет и едно годишната модна икона учествуваше на ревијата Qatar Fashion United која што се одржа во рамки на светското првенство во Катар во декември.

Лима гордо ја истакна својата мајчинска фигура во бела комбинација од долг фустан со шлиц и пелерина.

Супермоделот годинава го доби своето трето дете со партнерот Андре Лемерс, а со бившиот сопруг кошаркарот Марко Јариќ има две ќерки.

Лима, која и во текот на бременост носеше смели комбинации кои што и го истакнуваат трудничкиот стомак, со своето гордо појавување на пистата ги охрабри сите жени во светот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Фото : Facebook, Instagram

Објавено:
16 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
623 пати