Официјална потврда: Адријана Лима и Јариќ му ставаат крај на бракот!

3 мај 2014

Кошаркарот Марко Јариќ и светскиот топ модел Адријана Лима потврдија дека се разведуваат по пет години брак. Откако неколку месеци медиумите шпекулираа за наводниот развод на бразилската манекенка и српскиот кошаркар, сега двојката се огласи за магазинот People дека гласините се вистинити, а тие навистина се разведуваат.

-По долго и внимателно размислување, одлучивме да се разведеме по пет години брак, пишува во официјалното соопштение кое  сопружниците го пратиле до магазинот.

Двајцата ги замолуваат медиумите за почит кон нивната приватност во животот што ги очекува понатаму.

-Благодарни сме што имаме две прекрасни ќерки кои ќе продолжиме да ги растеме заеднички. Би биле благодарни доколу ја почитувате нашата приватност, како и приватноста на нашето семејство кон новите погледи во животот, пишуваат Марко и Лима.

Инаку, причините за разводот се претпоставува дека се поради неверство на Јариќ.

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Сцена