На своето службено патување во Дубаи, Лејди Гага се појави во транспарентни фустани кои ја истакнаа нејзината телесна конституција и според фотографиите лесно се доаѓа до заклучок дека пејачката решила да прекине со строгите режими на исхрана и да се препушти на кулинарските задоволства.
Наводно, Гага се поправила дури 14 килограми, а тоа веднаш предизвика негативни реакции на социјалните мрежи, па поради тоа пејачката реши да возврати во нејзин стил – „Гајле ми е, уживам во храната и немам намера да прекинам. Ако ми се јаде пица на полноќ, тоа и ќе јадам. Всушност подобро да бидам дебела, отколку површна“.
Имено пејачката како тинејџерка имала проблеми со булимијата и анорексијата и токму затоа ја лансираше страната „Body Revolution“ на која објавува фотографии без фотошоп, со цел да ги советува и да им порача на девојките кои ги имаат истите проблеми, дека не треба да бидат совршени и со идеални пропорции.
Пред неколку дена, Лејди Гага постираше фотографија во бикини на Фејсбук и Твитер на која имаше напишано –„ Бидете горди на своите облини бидејќи внатрешното е тоа што вреди. Плус, важно е како позирате. За тоа прашајте ги супермоделите“.