Анџелина Џоли ги отстрани јајниците!

24 март 2015

Денеска таа е глобална стилска икона и една од најплатените актерки на светот чии ангажмани се и повеќе од ласкави.

Овие денови, по цели две години откако Анџелина Џоли направи двојна масектомија на градите, таа ги отстрани јајниците и јајцеводите поради зголемениот ризик да заболи од рак што го наведува како наследен во нејзиното семејство.

„Поминав низ сето она низ што верувам дека поминале многу жени во светот. Си реков дека морам да бидам смирена, да бидам силна и дека нема причина која ќе ме спречи да не ги видам моите деца како растат и да ги видам моите внуци. Сега конечно знам дека моите деца никогаш нема да кажат дека нивната мајка починала од рак на јајниците“, изјави Анџелина за New York Times.

Истовремено, светот имаше можност да види неколку досега необјавени фотографии од Анџелина Џоли на 18 години, што таа ги направила за еден не многу познат британски магазин.

Иако денеска е една од најобожуваните жени на светот, и таа ја почнала својата кариера појавувајќи се токму во вакви магазини. Фотографиите биле објавени во магазинот Look во 1993 – тата година под наслов „Honeychild“.

Во тоа време, таа живеела заедно со нејзината мајка во Лос Анџелес која впрочем и ја натерала да почне да се занимава со манекенство.

Анџелина потпишала договор со модната агентка Нина Бланшард, по што и нејзината кариера започнала да се движи во нагорна линија.

Токму таа година, Џоли започна и со нејзината актерска актерка кога се појави во научно – фантастичниот филм Cyborg 2.

Три години подоцна, таа се појави во филмот „Mojave Moon“, по што светот почна вистински да ја обожува. Во 2001, таа го сними за неа клучниот Tomb Raider, по што и почнаа сериозните ангажмани за актерката.

Денеска, на 39 години таа е мајка на шест деца и сопруга на неодоливиот Бред Пит.

Објавено:
24 март 2015
Категорија: 
Сцена