Анѓелина Луковиќ: Првиот српски плус-сајз модел

11 август 2016

Белграѓанката Анѓелина Луковиќ (21) пред две години стана акуелна во тамошните медиуми и модна сцена како прв срппски плус-сајз модел.

Сега пак, стана повторно актуелна, благодарение на порака објавена на нејзиниот Фејсбук профил, а во која вели:

„Прифатете се себеси. Прифатете дека некогаш имате проблем со лицето, но не ставајте килограм пудра (како што правев јас до сега), излезете надвор, немојте да гледате кој што ќе ви рече, не мора секогаш да бидете „најубави“, бидете некогаш само убави (хехе). Немојте да ја „пеглате“ косата доколку ви е искубана и изгорена, туку само негувајте ја. Никој не е совршен, секој има недостатоци на кои треба да работи. Поентата е да се прифати проблемот, да се соочите со него и да го решавате. А не да бегате. Ете тоа би била мојата порака до сите. Ослободете се од комплексите“, напиша моделот, под фотографијата на која таа е без шминка.

Инаку, Анѓелина е висока 180 сантиметри и има 80 килограми. Со моделство почнува да се занимава сосема случајно. На Фејсбук почнува да ја следи нејзината, сега, матична агенција, каде пак имало побарувачка за плус-сајз манекенки. Таа се пријавува и станува модел. Во светот плус-сајз моделите во последните неколку години се вистински хит, што многу го олеснува патот.

Без оглед на пораката за прифаќањето на себеси, во што успеала, за српските медиуми ќе каже дека како и секоја девојка и таа држела диети.

-Сите ние се обидуваме да ги изгубиме тие пет килограми вишок. Но, татко ми многу се лутеше поради тоа. Секогаш ми зборуваше дека здравјето е најважно. Јас отсекогаш бев крупна и никако не можев да го достигнат конфекцискиот број 36. Многу бргу сфатив дека диетите се ужасни и почнав нормално да живеам и тренирам – вели Луковиќ.

На прашањето дали ја одбивале додека барала работа и дали се соочувала со непријатни ситуации, вели:

-Не знам зошто би имала. Имам самодоверба и одлично се носам со својот изглед. Јас сум само „голема“ манекенка. Знам дека на луѓето во нашата земја тоа им звучи чудно, но кога и да ви дојде да се зачудите, сетете се дека сите вие што имате некој килограм повеќе, пред да купите облека, морате да видите како таа облеката на некого сличен му стои, а тоа сум јас.

Бидејќи многу малку плус-сајз модели има, вели побарувачката е голема, па работи по Европа, Азија и САД.

Кога е заработувачката во прашање и тука е мошне задоволна.

-Сите мислат дека заработуваме помалку од слабите манекенки, но тоа не е вистина. Напротив. Заработуваме повеќе, затоа што нема силна конкуренција. Вистинска реткост е да се види одличен плус-сајз модел - открива Анѓелина.

извор: 24sata.rs

фото:trendmodels

Објавено:
11 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.971 пати