Ова е првата српска plus – size манекенка: Анѓелина има 80 килограми и одлично портфолио!

4 ноември 2014

Белграѓанката Анѓелина Луковиќ има 80 килограми, висока е 180 сантиметри и е првиот српски plus – size модел. Таа досега има работено за голем број брендови ширум светот, а многу наскоро ќе замине да работи во Америка поради тамошната огромна побарувачка на вакви модели.

Во интервјуто за еден српски магазин, таа вели дека нејзината кариера почнала сосема случајно, кога „лајкнала“ една модна агенција на Фејсбук и дознала дека тие се во потрага по plus – size модели.

„Така се пријавив и станав модел. Последните неколку години во светот тие се вистински хит, поради побарувачката на креации и за девојки со малку повеќе килограми“, вели Анѓелина.

Во интервјуто таа посочува и дека заработува многу повеќе од регуларните, слаби манекенки, бидејќи е вистинска реткост да се види убава plus – size манекенка која би ја одбрале сите брендови.

Анѓелина вели и дека обожува да јаде, а јаде речиси сѐ и ужива во тоа.

„Јадам сѐ и навистина уживам. Секако, се трудам да се хранам здраво, вежбам секој ден бидејќи морам да бидам во одлична форма. Снимањата понекогаш траат и по 12 часа и јас сето тоа морам да го издржам на најдобар можен начин“, вели Анѓелина.

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Актуел