Популарната актерка Џенифер Анистон деновиве гостуваше во познатото телевизиско шоу на нејзината добра пријателка Елен Деџенерис.
Она што беше невообичаено, а особено предизвика реакции кај публиката, беше бакнежот „за добредојде" во уста меѓу двете пријателки.
По бурните реакции на публиката, двете познати дами се пошегуваа меѓусебе доделувајќи си комплименти.
„Па мислам, беше пријатно", се пошегува Елен, на што Џенифер ѝ реплицираше: „А кога беше последен пат кога си бакнала маж?"...
Во текот на разговорот актерката зборуваше и за нејзиното бомбастично појавување на Инстаграм, со заедничка фотографија со колегите од „Friends", што буквално ја сруши социјалната мрежа.
Целата епизода од емисијата треба да се емитува во текот на денешниот ден, а засега погледнете го само исечокот.