По тој повод Викторија и Дејвид Бекам направија фотосесија која ќе бидел од новиот број, а тие исто така ќе го красат и коверот. Бидејќи Викторија е дел од декемвриското издание на Вог таа соработуваше со уредничката Емануела Алт, која за младата дизајнерка кажала дека е тотална спротивност од тоа што се претставува во јавноста, односно дека е спонтана, има смисла за хумор и е перфекционист во својата работа.
Во демеквриското издание ќе има и интервју од славниот пар кој отворено ќе проговори за сите издигнувања и падови во текот на нивната досегашна кариера и приватниот живот. Во врска со соработката со Емануела, Викторија изјавила- „За мене понудата да бидам гостин уредник во декемвриското издание на магазинот беше голема чест, особено да се соработува со Емануела Алт и нејзиниот прекрасен тим. Воодушевена сум од успешната соработка и горда на тоа што го постигнавме“.