Бекамови на одмор во Дубровник, еве каде престојуваат

23 август 2023

Дејвид и Викторија Бекам по втор пат летово решија да го посетат Дубровник.

Парот, којшто годинава прослави 24 години од брак, очигледно е фан на Јадранското крајбрежје.

Дизајнерката и фудбалската легенда повторно го одбраа островот Лопуд, како нивна дестинација, а престојуваат во луксузниот комплекс Lopud 1483, некогашен францискански манастир.

Двојката која заедно има три сина Бруклин, Ромер и Круз, и една ќерка Харпер, лани на оваа дестинација ја прославија 23 годишнината од брак и 11-от роденден на Харпер.

Месецов што одминува беше во знакот на познати ликови во Хрватска, па така освен Бекамови, тука прошетаа и Кејти Пери, Орландо Блум, Џеф Безос и свршеницата, како и музичарот Ашер.

Еве, зошто Дејвид и Викторија го одбраа Lopud 1483.

Фото: Instagram, Lopud 1483, Twitter

Објавено:
23 август 2023
Категорија: 
Сцена