Бекамови на одмор во Хрватска

13 јули 2022

Фудбалерската ѕвезда Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, поранешна членка на Spice Girls, ја прославуваат 23-тата годишнина од бракот и 11-тиот роденден на нивната ќерка Харпер, на островот Лопуд кој се наоѓа во близина на Дубровник.

Фото: Instagram

Семејството престојува во луксузниот комплекс „Лопуд 1483", кое всушност е поранешен францискански манастир од 16-тиот век, што грофицата Франческа фон Хабсбург го реновирала и го направила достапен за изнајмување исклучиво за приватен престој и настани.

Денес овој комплекс се состои од 13 оригинални ќелии распространети на површина од 5000 километри квадратни и е комбинација од музеј, црква, камбанарија, манастир и елегантен хотел со пет апартмани за вклупно 10 гости при што секоја соба нуди сопствена бања и поглед на море или градина. Во рамките на комплексот се наоѓа и Светата градина.

Фото: Instagram

Изнајмувањето на луксузниот комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.400 евра. На посетителите не ѝм е дозволено да фотографираат. Бекамови изминативе денови го посетија и ресторанот Bowa на островот Шипан.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lopud1483 (@lopud.1483)

Објавено:
13 јули 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.201 пати