Бијонсе го „украде“ шоуто на CMA наградите

3 ноември 2016

Вчеравечер беше најзначајната вечер за кантри музиката. Се одржа 50-то јубилејно издание на наградите што ги доделува Кантри музичката асоцијација (CMA). Но, сепак шоуто го „украде" поп ѕвездата Бијонсе која имаше одличен перформанс со легендарната група The Dixie Chicks со кои ја изведе кантри верзијата на нејзиниот хит „Daddy Lessons" од последниот албум „Lemonade".

Моќна и енергична на сцена, поп дивата беше кулминација на вечерта, а исто толку беше впечатлива и на црвениот килим, облечена во макси тоалета од „haute couture" линијата на Зухаир Мурад, украсена со кристални цветови.

Во однос на делот со наградите, главните ги освоија Кери Андервут за најдобар женски изведувач и Крис Стејплтон кој освен наградата за најдобар машки изведувач, ја освои и наградата за најдобро кантри видео на годината.

Во галеријата во продолжение преку фотографии пренесуваме дел од амбиентот.

 

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
776 пати