Бијонсе повторно претера со фотошопот

19 септември 2014

Иако важи за секс симбол, Бијонсе сепак со ваквите потези докажува дека е незадоволна од изгледот на своето тело. Неколку месеци претходно беше на удар на медиумите поради фотографијата која ја објави додека беше на одмор, играјќи голф. Притоа обидот да го намали обликот на нозете, заврши апсолутно неуспешно со голем простор меѓу нив.

Сега повторно за прославата на нејзиниот роденден, објави фотографија од прославата на јахта, но сепак фановите забележаа дека постои непропорционалност во однос на аглите, а секако нејзините следбеници не заборавија да ја потсетат и на сликата од минатиот месец каде при фотошопирањето на сликата заборавила да примети дека мобилниот телефон изгледа како да е уништен. Тоа што многумина ги загрижува е дали пејачката поминува низ одреденен кризен период или сепак се работи за обид на Бијонсе да стане професионалец во областа на фотошопот.

Објавено:
19 септември 2014
Категорија: 
Сцена