Блогерката Камила Коељо е бремена: И покрај епилепсијата сега уживам во најсреќните моменти во животот

6 април 2022

„Ова навистина се најсреќните 23 недели од мојот живот. После чувствителното животно патување, со толку многу страв и фрустрации поради мојата епилепсија, Господ нѐ благослови со најубавиот подарок, оној за кој најмногу сонувавме – нашето бебе! Многу сум среќна што можам ова радост можам да ја споделам со вас", напиша познатата бразилска блогерка Камила Коељо на Инстаграм објавувајќи ја убавата вест која претходно ексклузивно беше споделена на бразилското издание на Вог.

На фотографиите, познатата 34-годишна блогерка и бизнис жена позира со трудничкото стомаче, а својата приказна за бременоста и сите предизвици со кои се соочила, ја раскжаува за Вог.

Како што вели во интервјуто, нејзина најголема желба била да се оствари како мајка, но со нејзиниот партнер со кого е во брак 12 години, се обидувале подолго време, а нејзината здравствена состојба, односно епилепсијата со која се бори уште од дете, дополнително го отежнувала процесот со оглед на тоа дека земала и посебна терапија. Почнала да се чувствува безнадежно и анксиозно, постојано водена од помислата дека нема да се оствари како мајка.

„Конечно во ноември ми доцнеше циклусот. Земав тест, но бев преплашена да не се разочарам. Кога го видов позитивниот резултат не можев да заплачам од среќа, затоа што бев во шок. Навистина бев бремена", вели Коељо во интервјуто.

После сите предизвици и фрустрации, сега блогерката благодарна за блажената состојба во која се наоѓа, сака светот да слушне дека дури и кога се чини невозможно, не треба да се откажуваме од нашите најсилни желби.

Инаку таа својата кариера ја започна срамежливо како блогерка за козметички производи, а денес е една од највлијателните личности на Инстаграм.

„Првата работа што ја имав беше продавач и консултат за шминката на Диор во „Мејсис". Таа работа ми покажа колку всушност ме привлекува козметиката и убавината. Станав мејкап артист, а во тоа време го открив и „Јутјуб". Никој тогаш не знаеше колку се моќни социјалните медиуми, ниту пак јас знаев дека тоа ќе биде моја работа еден ден", изјави во една прилика блогерката.

Со самото тоа што доби покана од Ана Винтур за да присуствува на Мет галата, јасно е дека е рамо до рамо со познатите ѕвезди.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho)

Објавено:
6 април 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
840 пати
Тагови: 
Камила Коељо