Бонд со најдобар стил е...

2 октомври 2015

Сите актери што се најдоа во улога на Џејмс Бонд, оставија и модна трага врз ликот. Во пресрет на светската премиера на 24-от филм посветен на авантурите на тајниот агент 007, ви презентираме листа на 6-те најдобро стилизирани агенти.

6.Роџер Мур

Иако последен на оваа листа, не значи дека Џејмс Бонд со Роџер Мур немаше стил. Но, неговиот стил од 1970-тите е малку старомоден и со голема доза на строгост. Со широките вратоврски со принт и сивите сакоа, тој не оддаваше слика на многу ведар Бонд.

5.Тимоти Далтон

Комбинациите на Бонд со Тимоти Далтон беа без грешки, без разлика дали се работи за секојдневно или свечено одело. Но, она што пречи е (не)убедливоста на Далтон додека ги носи. Чувството на неудобност што го оддава додека ги носи оделата, го намалуваат крајниот впечаток.

4.Пирс Броснан

Еден од поомилените агенти на помладите генерации, но и покрај тоа што одлично му прилегаат костуми и има шарм, Пирс Броснан како Бонд не нè убеди дека е најдотераниот агент. Зошто? Затоа што дури и кога носи смокинг, тој не изгледа како таен агент. Повеќе потсетува на британски благородник или могул.

3.Џорџ Лазенбај

Ова е можеби најхрабриот Бонд во модна смисла. Крем сако, розова кошула и сина вратоврска е комбинација што и денес веројатно би била одлично прифатена. Но, особено внимание привлекува кошулата со карнери, која нè потсетува малку и на Остин Пауер, што за 1960-тите можеби е и сосема оправдано, но за 2015 не.

2. Шон Конери

Првиот Бонд е и еден од најдобро облечените. Триделните комбинации се и денес препознатливи и задолжителни за Бонд. Со доза на ароганција и лежерност, Конери му даде посебен, препознатлив стил на овој лик. Единствено нешто што не може да му се прости е оваа комбинација:


1.Даниел Крег

Тој е модерната или современа варијанта на Конери како Бонд. Со изгледот оддава впечаток дека е сосема навикнат на стилот на животот што го живее. Том Форд одлично си ја заврши работата со Крег, правејќи баланс помеѓу модерните кроеви и класичниот стил на Бонд.

Кој е според вас најдотераниот 007 агент?

Објавено:
2 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
649 пати
Извор: 
business insider