Се изнајмува куќата на Џејмс Бонд

10 август 2020

Во областа Челси, се наоѓа домот на фиктивниот лик Џејмс Бонд. Се работи за куќа која се простира на речиси 280 метри квадратни, а сега е достапна за изнајмување.

Како пренесуваат британските медиуми, имотот може да се изнајми на недела дена (или повеќе), а цената за седум дена изнесува 3.250 фунти (околу 3.600 евра).

Куќата се простира на пет ката. На приземје има и девна соба, а тука се наоѓа и едно од трите бањи, како и собата за пречекување гости.

На овој кат се наоѓа и кујната, а има и посебна соба за појадок и посебен простор за трпезарија.

На првиот кат пак има огрона семејна бања, како и собата која изобилува со слики.

Најголемата спална соба е лоцирана на вториот кат, каде исто има и бања, а одделно има уште една мала бања со туш кабина.

Третиот кат пак, има три спални соби и одвоена бања.

На четвртот кат има прекрасна тераса и мала градина.

Тој што ќе се одлучи на изнајмување, може да ја изнајми и за подолг временски период, кога ќе може да даде и личен печат во уредувањето.

За потсетување, како изгледа домот на Бонд најпрвин е опишано во новелите за агентот, чиј автор е Јан Флеминг, а по чиј текст по кој потоа е направен и филмски серијал. Во новелата „Moonraker“, Флеминг опишува дека станот на Бонд се наоѓа на приземјето во куќа која се наоѓа во близина на „Chelsea Square“, покрај дрвореди.

Инаку, „Радио Тајмс“ неодамна го прашаа народот кој е најдобриот Џејмс Бонд според нив, а гласовите на публиката го дадоа следниов редослед:

На првото место, убедливо, е Шон Конери. Второто место му припадна на Тимоти Далтон, додека трет најдобар Бонд според публиката е Пирс Броснан.

Во гласањето учествувале преку 14.000 обожаватели, а Конери, кој го играше агентот дури шест пати, освои 44 % од гласовите.

Објавено:
10 август 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
297 пати