Во одличните три нови броеви, магазинот GQ ја слави убавината на американските паркови, а покрај нив и на еден од најголемите холивудски шармери, Бред Пит.

За летните изданија на еден од најпознатите магазини во светот, тимот прошета низ најголемиот дел национални паркови со прекрасниот Бред Пит и фотографот Рајан Мекгинли.

Резултатот се фантастични фотографии од убавините на природата кои збогатени со појавата на актерот се нешто што не смеете да го пропуштите овој месец.

Писателот Мајкл Патернити го посети актерот и во неговиот дом во Лос Анџелес каде тој за прв пат искрено проговори по разделбата со Анџелина Џоли.

Во интервјуто тој говори за љубовта, за загубата, за тоа како е да се биде родител и како да се тргне напред откако работите ќе се распаднат.

На првата фотографија можеме да го видиме актерот во розов џемпер и сребрено ланче, со бел песок на лицето, а акцентот е ставен на неговите сини очи кои се чини се во преден план на трите насловни.

На втората насловна актерот носи летна кошула со портокалови цветови, а опкружен е со сено во еден од парковите.

Последната и можеби најшармантна насловна го прикажува актерот како гледа во далечината, облечен во бело палто со сребрено ланче.

Целосното интервју кое се очекува да се објави овие денови, ќе биде прво по разводот со неговата сопруга Анџелина Џоли која исто така неодамна за прв пат проговори за нивната разделба.

„Не сакам многу да зборувам за тоа, освен да кажам дека тоа е многу тешко време за сите нас како семејство, а ние секогаш ќе бидеме семејство“, изјави актерката во неодамнешното интервју за Би-Би-Си.

Актерката и режисерка изјави дека многу луѓе се нашле во слична ситуација и знае дека сето тоа е многу тешко како за двајцата, но и за целото семејство.

Според информациите од американските медиуми, битката за старателство врз децата помеѓу актерката и нејзиниот сопруг Бред Пит била навистина тешка и по многу соочувања и разговори, таа победила.

Во галеријата погоре, погледнете ја целосната, фантастична фотосесија на актерот за магазинот.

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.716 пати