Анџелина Џоли во емотивно интервју за разводот од Бред Пит

20 февруари 2017

Популарната актерка и режисерка Анџелина Џоли во моментов престојува во Камбоџа каде го промовира нејзиниот нов филм „First they killed my father“ заедно со нејзините деца, меѓу кои и синот Медокс кој го посвои токму во таа земја во 2002 година.

За прв пат во интервју за Би-Би-Си директно од прекрасната земја, таа емотивно говореше за  разводот од Бред Пит и нивните деца со кои ќе каже дека се гордее.

„Не сакам многу да зборувам за тоа, освен да кажам дека тоа е многу тешко време за сите нас како семејство, а ние секогаш ќе бидеме семејство“, изјави таа емотивно во интервјуто.

Актерката и режисерка изјави дека многу луѓе се нашле во слична ситуација и знае дека сето тоа е многу тешко како за двајцата, но и за целото семејство.

Според информациите од американските медиуми, битката за старателство врз децата помеѓу актерката и нејзиниот сопруг Бред Пит била навистина тешка и по многу соочувања и разговори, таа ги добила.

„Фокусот во мојот живот се моите деца, нашите деца. Ние засекогаш ќе останеме семејство, a јас ќе се обидам да најдам начин ова што се случи да не направи посилни и поблиски“, изјави прекрасната актерка во интервјуто за Би-Би-Си.

Во интервјуто таа говори и за тоа колку прекрасна земја е Камбоџа и колку е среќна што нејзиниот син потекнува токму од таму.

Погледнете го целото интервју во видеото подолу.

Објавено:
20 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.163 пати