Анџелина Џоли со семејството во идиличен едиторијал за Вог

17 октомври 2015

Анџелина Џоли и Бред Пит се совршено семејство во едиторијалот што го направија заедно со нивните шест деца за ноемвриското издание на модната библија Вог. 

Сосема нормално, фотосесијата ја направи легендарната и единствена Ени Лебовиц, која по којзнае кој пат ги воодушеви сите со фантастичните фотографии од семејството Џоли – Пит. 

Во интервјуто за магазинот, Анџелина говори за нејзиното семејство, љубовта, децата, заедничките проекти со сопругот, за што ќе каже дека многу добро се снаоѓаат. 

„Филмот By the sea беше првиот што го целосно беше базиран врз мојот луд ум. Како уметници, секогаш сакаме нешто што ќе не извади надвор од нашата комфорна зона. Сакавме да бидеме реални и искрени актери. Тоа баш и не е најдобрата идеја, но животот е краток“, вели актерката во интервјуто. 

На прашањето дали нејзиниот брак наликува на оној на актерите од филмот, таа ќе каже: 

„Бред и јас си имаме свои проблеми, но ако карактерите од филмот беа барем и малку блиски до нашите проблеми и живот, ние немаше да го снимаме филмот заедно“, вели Анџелина. 

Во искреното интервју таа говори и за стареењето и годините што изминуваат, за што ќе каже дека едвај чека да види што ѝ носи иднината. 

„Чувствувам дека цврсто газам по земјата. Мислам дека и другите го знаат тоа. И мајка ми и баба ми починаа во нивните 40 – ти. Јас не можам да ги дочекам 50 – тите и да си речам дека сум успеала“, вели искрено актерката. 

За нејзините деца ќе каже дека и се сѐ на светот и дека секогаш мора да знаат од каде се нивните корени и да бидат горди на тоа.

„Момците знаат дека потекнуваат од Југоисточна Азија, тие знаат каква е храната таму, знаат каква музика се слуша, имаат пријатели од таму и се горди на сето тоа. Но, сакам подеднакво да се заинтересирани и запознаени и со потеклото и историјата на земјата на нивните сестри, на моето потекло, на нивниот татко. Секогаш практикуваме сите да одиме на семејно патување во Африка, а не да ја носам Захара сама“, додава актерката.

Објавено:
17 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.949 пати