Бритни Спирс се разведува по 14 месеци брак

17 август 2023

Некогашната поп сензација Бритни Спирс се разведува од сопругот Сем Ашгари, по само 14 месеци брак.

Спирс, 41 и Ашгари, 29, се запознаа во 2016-та додека го снимаа видеото за песната Slumber Party.

Парот ја објави својата свршувачка во септември 2021-ва, а венчавката се случи во јуни следната година.

На забавата во Лос Анџелес имаше околу 60-на гости меѓу кои Дру Баримор, Мадона, Парис Хилтон и Селена Гомез.

Според тамошните медиуми, разводот доаѓа по гласините дека Бритни го изневерила Сем.

Ашгари остана со Бритни додека таа минуваше низ психолошката драма и беше нејзина поткрепа овие години, помагајќи ѝ да остане во добра форма, тврдеа нејзините блиски.

Разделбата доаѓа додека Спирс се подготвува да ги издаде своите мемоари The Woman in Me во октомври.

 Фото: Instagram

Објавено:
17 август 2023
Категорија: 
Сцена