Среќен 42-ри роденден Бритни Спирс

2 декември 2023

Бритни Спирс е родена на 2 декември 1981 во Мисисипи, а нејзиниот прв настап го имала на само пет години.

Пред да стане дел од тогашниот популарен Mickey Mouse Club, каде ќе пее заедно со Џастин Тимберлејк и Кристина Агилера, Бритни била одбиена.

Благодарение на нејзиниот мега хит Baby One More Time, Спирс станува голема тинејџерски ѕвезда.

Пејачката важи за една од најуспешните женски изведувачи во светот со продадени над 100 милиони копии во светот.

Нејзиниот албум Oops!...I Did it Again е најпродаван деби албум од женски изведувач со рекордни 1,3 милиони продадени копии.

Бритни има и своја линија на парфеми, која што вклучува 20 различни мириси, а првиот од нив наречен Curious, беше претставен во 2004.

Спирс има и неколку филмски улоги, а се има појавено и во повеќе телевизиски серии.

Приватниот живот на Бритни беше секогаш бурно следен, од нејзината врска со Џастин Тимберлејк, па сè до разводот од Кевин Федерлајн.

Таа има два сина од бракот со Кевин, Шон и Џејден, а неодамна се разведе и од нејзиниот трет сопруг Сем Ашгари.

Спирс е моментално актуелна откако ги објави своите мемоари во The Woman in Me, каде што отворено зборува за нејзиниот живот.

И покрај нејзините турбулентни моменти, таа секогаш ќе биде поп-принцезата што го освои светот.

Среќен 42-ри роденден Бритни.

Објавено:
2 декември 2023
Категорија: 
Сцена