Покрај тоа што оваа девојка ја има ИТ фризурата за сезонава, полна е со позитивна енергија и стил каков што секој може да посака. Нејзиното име е Candela Novembre што во превод значи „ноемвриска свеќа“.

Таа е една од омилените трендсетерки во Милано, откако пред седум години се пресели во прекрасниот град со нејзиниот сопруг, шармантниот дизајнер и архитект Fabio Novembre.

Заедно со нејзината сестра близначка, Кандела е вистинска кралица кога станува збор за добрите стилски комбинации и фотографиите на Инстаграм.

На неполни 17 години Кандела доаѓа во Милано во друштво на нејзината сестра близначка Ванеса која требало да сними едиторијал за Вог.

Шармантната Кандела денеска е мајка на две девојчиња – Верде и Селесте, кои се подеднакво стилски како и нивната мајка.

Нејзиниот стил таа ќе го опише како невин, помалку „Блонди“, со инспирација од нејзините омилени ликови.

„Ги сакам винтиџ парчињата и каде и да патувам, секогаш практикувам да ги посетам локалните пазари за да најдам нешто автентично од таа средина. Не сакам да купувам магнети, сувенири или слики. Задолжително купувам некое парче облека што ќе ме потсети на тоа патување“, вели Кандела.

Иако речиси секогаш изгледа како да не ја довршила комбинацијата, сепак секогаш е толку слатка и шик. Нејзината омилена комбинација е фустан во комбинација со чизми.

„Немам омилена боја, мојот вкус постојано се менува. Некогаш сакам да носам портокалово, а некогаш сино. Понекогаш памучни парчиња, а понекогаш некоја чудна ткаенина“, вели таа.

Нејзиниот уникатен вкус и посебен стил го забележаа модните куќи како Марни, Прада, Гучи и многу други, на чии ревии постојано ја гледаме во првите редови.

Од неодамна таа е главен уредник на новиот италијански магазин Lampoon кој полека, но сигурно, добива сѐ поголем публицитет и станува еден од најчитаните во Италија.

Погледнете ги фотографиите што ние ги одвоивме и уживајте во супер есенска инспирација од оваа девојка.

Објавено:
21 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.198 пати