Ова се најдобрите парфеми за 2014 година!

17 мај 2014

Во магичниот амбиента на „Società del Giardino“ во Милано, на 14 – ти мај, италијанското списание Vogue и Академијата за парфеми ја доделија  Меѓународната награда за парфем.

Уредничката на италијанското списание Vogue, заедно со претседателот на Академијата Лучано Бертинели, беа главните протаговнисти на доделувањето на наградите на 25 – тото по ред издание на престижниот и единствениот од ваков тип фестивал во Италија. Покровител на годинешното издание на оваа свечена манифестација беше Изабела Рогонезе.

Изабела Рагонезе и Алесандро Роха Изабела Рагонезе и Алесандро Роха

Жирито предводено од Франка Соѕани, а во состав Азија Арџенто, Елиза Фуксаз, Каролина Куркова, Питер Линдберг, Кандела Новембре, Фабио Новембре, Александро Роха, Франчеко Вецоли, доделија награди на шест победници во исто толку категории.

Франка Соѕани и Лучано Бертринели Франка Соѕани и Лучано Бертринели

„За нас претставуваше огромно задоволство да се здружиме со манифестација од ваков тип, која што секогаш може да даде посебен карактерен допир на една личност и да помогне во вреднувањето на убавината“, изјави Франка Соѕани моден уредник на италијански Vogue.

Најдобар парфем на годината:

10300986_664582516943282_8866619511340357570_n

Женски парфем: „Giorgio Armani Sì“

Машки парфем: „Armani Eau de Nuit“

Најдобар изглед на шише:

Женски парфем: „Giorgio Armani Sì“

Машки парфем: „Dior Homme Cologne“

Најдобар парфем направен во Италија:

1535036_665869903481210_4293297453913971002_n

Женски парфем: Acqua di Parma Acque Nobili Iris

Машки парфем: Salvatore Ferragamo Acqua Essenziale

Најдобар уметнички дизајн на парфем:

Женски парфем: Marni

Машки парфем: Acqua di Parma Colonia Intensa Oud

Најдобро спакуван парфем:

10336679_664599443608256_4457882147800192684_n

Женски парфем: Marc Jacobs Honey

Машки парфем: Viktor&Rolf Spicebomb

Парфем со најдобра рекламна кампања:

10312434_665089130225954_2757583666989281908_n

Женски парфем: D&G pour Femme Intense

Машки парфем: Dior Homme Cologne

 

 

 

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Сцена