Целото внимание на Вимблдон кон заљубените Бредли Купер и Суки Ватерхаус...

5 јули 2014

Шармантниот Бредли Купер во друштво со неговата 17 години помлада девојка Суки Ватерхаус предизвикаа најмногу љубопитни погледи на машко полуфинале на Вимблдон.

Како и секогаш  и двајцата изгледаа навистина прекрасно, Бредли во елегантен костим, додека неговата поубава половина во дводелна креација од колекцијата пролет/лето 2014 на Алберта Ферети.

За разлика од минатата година кога Бредли повторно беше во центарот на вниманието  кога со неговиот колега Жерард Батлер правеа „селфи“ фотографии, оваа година друштво му правеше Бер Грилс кој на натпреварот беше придружуван од неговата сопруга Шара.

Покрај нив, на 11 – тиот ден од лондонскиот тениски турнир се појавија и други значајни личности од јавниот живот, меѓу кои и актерот Џад Ло, Сер Клиф Ричардс, британскиот презентер Џонатан Рос, дизајнерката Стела Мекарти со сопругот, како и уредничката на американскиот Вог Ана Винтур ,која овојпат одбра пролетна цветна креација.

Скоро целата публика на полуфиналето беше вистински празник за очи, облечени по последните трендови и сите до последен, со шик очила за сонце, нормално, предводени од британската трендсетерка Суки која за натпреварот Ѓоковиќ - Димитров, носеше златна варијанта.

Натпреварот, видно возбудена го следеше и девојката на тенисерот Григор Димитров, прекрасната Марија Шарапова, која овој пат се појави во сосема лежерно издание од  кое изгледаше навистина елегантно и тренди.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од познатите кои уживаа во одличниот меч Ѓоковиќ – Димитров, од кој како победник излезе Новак.

Објавено:
5 јули 2014
Категорија: 
Сцена