Веруваме дека како и на многумина и вам вчерашниот ден ви беше резервиран за спектакуларните спортски финалиња во кои знаеме дека уживавте.

Покрај фудбалот, вчера беше возбудлив ден и за обожавателите на тенис на кои Енди Мареј им донесе голема среќа освојувајќи ја по втор пат титулата најдобар на Вимблдон.

Возбудливиот тенски меч помеѓу Мареј и Милош Раониќ покрај британската, го следеше и холивудската елита која ја наполни кралската ложа на теренот.

Најголемо внимание како и секогаш предизвика кралската двојка Кејт и Вилијам кои пристигнаа полни со позитивна енергија по која народот и ги препознава.

За настанот Вилијам одбра интересна и стилска комбинација составена од неколку бои и класични парчиња, додека неговата сопруга Кејт изгледаше сосема шик во фустанче со шармантен принт и секогаш совршена шминка и фризура.

Тие предизвикаа вистинско воодушевување кај присутните кои беа изненадени од нивните искрени и позитивни реакции за времетраењето на мечот.

Вистински пример за тоа како треба да изгледа една холивудска двојка беа Бредли Купер и неговата девојка Ирина Шајк кои се појавија во елегантни комбинации во кои изгледаа неверојатно стилски.

Вип ложата беше преполна со познати лица меѓу кои и актерите Бенедикт Камбербач, Хју Грант, Лили Роуз, но и бројни модели меѓу кои и Попи Делевињ и Суки Ватерхаус.

По повод финалето на Вимблдон, во Лондон се одржа и свечена вечера каде се појавија некои од најголемите имиња во тенисот, но сепак најголемо внимание предизвикаа победник Енди Мареј и неговата сопруга Ким која за пригодата одбра свечена тоалета од Џени Пакам.

Во галеријата погоре погледнете како изгледаше финалето и кои беа најголемите ѕвезди кои го проследија мечот.

Објавено:
11 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.473 пати