После објавените номинации во јули годинава, вчеравечер во Њујорк беа доделени престижните т.н. модни американски оскари.

Здружението на модни дизајнери од Америка и Vogue ги одбраа најдобрите и тоа по 12-ти пат. Помеѓу наградените годинава се Аурора Џејмс, основачката на брендот за чевли Vellies Brother, Рио Урибе за брeндот Gypsy Sport, дизајнерот за женска облека, Џонатан Симкеј.

Карли Клос, Лорд и Дајан фон Фурстенберг

Внимание привлече секако и црвениот килим, бидејќи на оваа манифестација се појавија и голем број важни и познати личности од светот на модата.

Прабал Гурунг, Ана Винтур, Деми Мур, Зак Посен, Тони Гарн се само дел од оние што ја збогатија вечерта.

 

Објавено:
3 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
725 пати