Дарја Вербови е мистична шик девојка во есенската кампања на AG Jeans

27 август 2014

Откако во јуни беше објавена веста дека прекрасната Дарја Вербови е новото заштитно лице на AG Jeans, сега можеме да го видиме и резултатот од соработката.

Неодамна се објавени и официјалните фотографии направени од Џош Колинс, а сите комбинации се стилизирани од креативниот Аластар Меким. Во рекламната кампања на брендот за есен – зима 2014/2015 се појавува и машкиот модел Матиас Лаурдсен кој и прави друштво на прекрасната манекенка.

Во есенската колекција на брендот, тренди девојките ќе најдат супер тексас парчиња како кошули за кои сме сигурни дека ќе бидат вистински хит следнава сезона, потоа совршено скроени панталони, одлични јакни и по некој удобен и топол џемпер.

Фотосесијата за рекламната кампања е направена во мистична куќа некаде во прекрасните предели во срцето на Америка, а истата совршено потсетува на сивите и студени есенски денови во кои дефинитивно ќе се дружиме со одличната колекција на брендот.

Во галеријата погледнете ги сите парчиња што брендот ги предлага како клучни за следната сезона, спакувани во супер есенски едиторијал.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Сцена