Дејвид Бекам ќе прави филм за ривалството меѓу Пума и Адидас

11 март 2021

Светската фудбалска ѕвезда и стилска икона Дејвид Бекам, се јавува како еден од продуцентите на мини серијата за ривалството меѓу двата спортски брендови - Пума и Адидас, долго 4 децении. 

Проектот е замислен како мини серија од 3 дела и го носи името World War Shoe. Главни ликови во приказната се браќата Адолф и Рудол Даслер кои ја започнуваат приказната за спортските обувки заедно, за потоа секој да тргне по свој пат. Во 1948 Рудолф Даслер го основа брендот Пума, додека само година подоцна Адолф Ади Даслер го основа Адидас. 

Се очекува серијата да го прикаже влијанието на двата бренда во спортот, модата, културата и музичката индустрија низ годините.

Сè уште не е објавен официјален датум на премиера.

Објавено:
11 март 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
349 пати