Дејвид Боуви ќе се појави во кампања на Луј Витон

27 септември 2013

Луј Витон потпиша договор со 66 – годишниот ултра популарен музичар Дејвид Боуви за да биде дел од нивната неверојатната кампања „L'Invitation au Voyage“.

Очигледно, тимот на Витон бил воодушевен од исклучителната популарност на големиот музичар и неодамнешната изложба во Victoria & Albert музејот, каде беше прикажана една ретроспектива на неговата кариера.

Францускиот луксузен бренд веднаш потоа потпиша договор со музичарот поканувајќи го да биде ѕвезда на вториот дел од нивната „L'Invitation au Voyage“ кампања.

Дејвид Боуви се приклучи на листата популарни музичари кои соработувале со францускиот бренд како Кит Ричардс, Боно и Мадона.

Објавено:
27 септември 2013
Категорија: 
Сцена