Во друштво на голем број познати ѕвезди од македонската естрада, пријатели и блиски роднини, момците од ДНК вчеравечер го промовираа новиот албум „Уште еден ден“ заедно со видео спотот за песната „Стојам сам“.

Нивните обожаватели ќе можат да уживаат во вкупно 12 композиции создадени од Лазар Цветковски, со текстови на Панчо.

Сосема очекувано, на промоцијата присуствуваа голем број ѕвезди меѓу кои и Лила Стојановска, Пеце Суперхикс со сопругата, Зоки Џубокс, Магдалена Цветковска, Дарио, девојките од Антена 5, Викторија Лоба, Гаро Тавитјан, Влатко Лозаноски и уште многу други кои уживаа во атмосферата и музиката на ДНК.

Андреј и Панчо им се заблагодарија на сите оние кои придонеле при создавањето на албумот и новиот видео спот, како и на верните обожаватели кои се со нив од самите почетоци.

Викендот пред промоцијата, тие имаа настап во Берн, Швајцарија каде всушност се случи претпромоција и супер настап за тамошните фанови.

Во галеријата погоре, погледнете како изгледаше атмосферата на вчерашната промоција на ДНК.

Објавено:
10 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.306 пати