Домашните миленици на модните дизајнери

27 јули 2013

Шупет Лагерфелд познатата персиска мачка на Карл од мали нозе е навикната на луксуз иако дизајнерот ја отфрли идејата да ја облекува во модни парчиња со потпис од Шанел. „Шупет руча и вечера со мене на трпезариската маса. Не ја допира мојата храна, но не сака да јаде на подот. Спие на перница и има свој АјПод. Таа е премногу размазена“ – изјави Карл.

Покрај познатото домашно милениче на Шанел, која има и свој Твитер профил на кој има повеќе од шест илјади следбеници и модната куќа Гучи има свој миленик и тоа коњ по име Гучио. Но, за разлика од разгалената мачка на Шанел, Гучио го сремаат за учество на Олимписките игри, па поради тоа моментално е на припреми во Холандија на имотот на Едвин Александар.

Објавено:
27 јули 2013
Категорија: 
Сцена