Џеј Зи и Бијонсе лансираат нов музички сервис!

31 март 2015

И додека сите мислеа дека моќната двојка ќе се задржи само на правење ултра популарни хитови, тие на пазарот нудат нов музички сервис за слушање и симнување на песни.

Новата музичка мрежа на двојката ќе се вика Tidal, а ко – сопственици на истата ќе бидат некои од најголемите музички ѕвезди на денешницата меѓу кои и Ријана, Мадона, Дафт Панк, Џек Вајт и Канје Вест.

За разлика од нивните конкуренти Spotify од каде песните се симнуваат и слушаат бесплатно, за новата музичка мрежа на Џеј Зи ќе треба да одвоите одредена сума на пари.

На настанот на кој беше промовирана музичката мрежа, свој говор одржа Алиша Кис која истакна дека се надева дека Tidal „засекогаш ќе го смени текот на музичката историја“.

На сцената се појавија и некои од најголемите музички ѕвезди на денешницата како Ники Минаж, Ашер, Аркад Фајр и многу други во знак на поддршка на нивниот колега.

„Денеска ви ја најавуваме новата глобална, музичка платформа за прв пат поседувана од еден музички артист за која се надевам дека ќе направи вистинска промена во музиката“, додаде пејачката.

Она по што оваа музичка мрежа ќе биде поразлична од Spotify е тоа што ќе понуди поквалитетен звук и многу поедноставен начин на слушање и симнување на песните. Токму таму, ќе можете да најдете различни жанрови на музика почнувајќи со песни од 1950 – тата.

Главниот сопственик на музичката мрежа Џеј Зи е еден од најуспешните музички артисти на денешницата кој досега има продадено повеќе од 100 милиони плочи. Неговото богатство е проценето на повеќе од 520 милиони долари.

Објавено:
31 март 2015
Категорија: 
Сцена